По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.
Според сеуште неофицијалните резултати „Студентската листа“ освои 140 мандати во парламентот со 250 седишта и има комотно мнозинство за формирање на влада. Напредњаците на Вучиќ ќе имаат 103 пратеници, а во парламентот ќе бидат симболично застапени и партии на малцинствата: Унгарците, Бошњаците и Албанците.
Илјадници луѓе останаа на централните улици на Белград доца по полноќ, прославувајќи ја победата на студентите и падот на режимот на Александар Вучиќ по 14 години владеење.
Полицијата која беше распоредена во текот на денот по објавувањето на резултатите се повлече, а славјето помина без ниту еден инцидент.
Студентите го откорнаа и „Чациленд“ просторот со шаторите на приврзаниците на Вучиќ, кој беше симбол на политичка манипулација наспроти автентичната волја на студентите и граѓаните.
Изборниот ден мина во безмалку референдумска атмосфера со огромна излезност на граѓаните на гласачките места уште од раните утрински часови, а таков амбиент имаше и кај српската дијаспора, особено кај младите, кои трпеливо чекаа со часови да гласаат во српските дипломатски претставништва во странство.
Слични новости
Цените на нафтата во пад поради намалениот ризик од пореметување во снабдувањето
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.
Во руски напад врз киевскиот регион најмалку 267 загинати и 42 ранети
Во рускиот напад во близина на Буче во Киевскиот регион, загинаа најмалку 27 луѓе, додека 42 лица се ранети, од кои 4 деца, соопшти денеска началникот на Киевскиот регион Тимур Ткаченко.
Повеќе од 600 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Непал
Според непалската Агенција за управување со катастрофи, најмалку 2.426 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките операции продолжуваат веќе четврти ден.


