По две години масовни студентски и граѓански протести во Србија вчера беа одржани парламентарни избори на кои убедливо победи „Студентската листа-Студентите победуваат“. Александар Вучиќ го призна поразот, а ширум земјата граѓаните излегоа на улиците да ја прославуваат победата на Студентската листа.
Според сеуште неофицијалните резултати „Студентската листа“ освои 140 мандати во парламентот со 250 седишта и има комотно мнозинство за формирање на влада. Напредњаците на Вучиќ ќе имаат 103 пратеници, а во парламентот ќе бидат симболично застапени и партии на малцинствата: Унгарците, Бошњаците и Албанците.
Илјадници луѓе останаа на централните улици на Белград доца по полноќ, прославувајќи ја победата на студентите и падот на режимот на Александар Вучиќ по 14 години владеење.
Полицијата која беше распоредена во текот на денот по објавувањето на резултатите се повлече, а славјето помина без ниту еден инцидент.
Студентите го откорнаа и „Чациленд“ просторот со шаторите на приврзаниците на Вучиќ, кој беше симбол на политичка манипулација наспроти автентичната волја на студентите и граѓаните.
Изборниот ден мина во безмалку референдумска атмосфера со огромна излезност на граѓаните на гласачките места уште од раните утрински часови, а таков амбиент имаше и кај српската дијаспора, особено кај младите, кои трпеливо чекаа со часови да гласаат во српските дипломатски претставништва во странство.
Слични новости
Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД
По нападот САД ја сменија воената стратегија, напуштајќи го концептот на одвраќање кон право на превентивни воени напади врз држави кои кријат или поддржуваат терористички групи. Применувајќи ја Доктрина на превентивна војна. САД во 2001 година а почнуваат Глобалната војна против тероризмот и го напаѓаат Авганистан, а две години подоцна Ирак.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.
Израел им даде рок од седум дена на британските претставници да ја напуштат земјата
Британскиот конзулат во Еруслаим ќе мора да прекине со работа во рок од 30 дена, а на британските дипломати стационирани во Рамала на окупираниот Западен брег, им е даден рок од седум дена да го напуштат Израел.


