Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во земјава преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот во износ од 13.500.000 денари.
Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на инвестицијата но не повеќе од 13.500.000 денари со вклучен ДДВ.
Истата се доделува согласно дел II став (2) мерка „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој” точка 1.8 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој” подточка 1.8.7 „Инвестиции за подобрување на генетскиот потенцијал на млечни крави во државата преку употреба на сексирано семе и ембрио-трансферот” од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.
Соработката помеѓу Министерството и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје ќе продолжи затоа што преку нивната работа се поттикнува технолошкиот развој во говедарството како сточарска гранка и ветеринарството.
Покрај грижата за здравјето на животните, Факултетот игра значителна улога и во јавното здравство и тоа преку обезбедување здрава и квалитетна храна од анимално потекло.
Слични новости
Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем
Премиерот нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите коишто ќе ги користат
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.