Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тој тврди дека „нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел“.
Министерот Трипуновски нагласи дека по акцијата на МВР и обвинителството, реземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“, појасни министерот.
Според Трипуновски, набргу ќе биде назначен нов директор на агенцијата.
„Ние како држава сме решени да ја спроведеме борбата против корупцијата“, нагласи тој.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


