Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа еден од најдобрите натпревари во досегашниот тек од сезоната во Премиер лигата, а по серија пресврти натпреварот заврши вез победник 4:4.

На „Олд Трафорд“ беше виден „трилер“ со дури осум голови и низа шанси од двете страни. Вкупно, играчите од двата тима упатија 39 шутеви, а дури 18 од нив одеа во рамките на голот.

Јунајтед водеше со 1:0 и 2:1, но гостите се вратија двата пати а потоа поведоа со 3:2. Манчестер одговори со два гола за водство од 4:3, пред Борнмут да постигне гол на пет минути пред крајот и да го израмни резултатот на 4:4. Во последните моменти од натпреварот, гостите можеа и да победат.

Амад Дијало му донесе водство на Јунајтед во 13. минута, Антоан Семењо израмни во 40. минута, но во последните моменти од првото полувреме, Каземиро го врати водството на домашната екипа.

Еванилсон израмни во 46. минута а Маркус Таверние направи резултатски пресврт со погодокот во 52. минута. Бруно Фернандеш ги врати работите во нормала во 77. минута а само две минути подоцна Матеус Куња ги доведе „Црвените ѓаволи“ во водство од 4:3. ИЏеј Кроупи израмни во 85. минута.

Гостите имаа две одлични шанси во деветминутното судиско продолжение, но Сене Ламенс се истакна со неколку одлични одбрани. Прво го одбрани ударот на Маркос Сенезио во шестата минута од судиското продолжение, а потоа и ударот на Дејвид Брукс три минути подоцна.

Јунајтед се искачи за две места и сега е шести со 26 бода, десет зад лидерот Арсенал. Борнмут, исто така. скокна за две места и моментално е 13-ти со 21 бод.

globe

Слични новости

Лејкерс славеа во Феникс

Лејкерс славеа во Феникс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостински терен против Феникс Санс со 116:114 и го задржаа четвртото место на Западот