Филмот „По ловот“ на Амазон МГМ студиото ќе ја има премиерата на 10 октомври во САД, а на 17 октомври ширум светот, пред почетокот на сезоната на промоција на филмови за главните филмски награди меѓу кои и Оскарите.

Кастот во овој  трилер го предводи Џулија Робертс, а во филмот играат и Ендрју Гарфилд, Ајо Едебири, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.

Сценаристка на филмот е Нора Гарет, а продуценти се Брајан Грејзер, Џеб Броди и Алан Манделбаум.

Ова е втор филм на режисерот Лука Гвадањино за студиот Амазон МГМ по премиерата на неговиот филм „Предизвикувачи“ минатата година во кој главната улога ја толкуваше Зендеја.

Слични новости

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.