
Филмот „По ловот“ на Амазон МГМ студиото ќе ја има премиерата на 10 октомври во САД, а на 17 октомври ширум светот, пред почетокот на сезоната на промоција на филмови за главните филмски награди меѓу кои и Оскарите.
Кастот во овој трилер го предводи Џулија Робертс, а во филмот играат и Ендрју Гарфилд, Ајо Едебири, Мајкл Сталберг и Клое Севињи.
Сценаристка на филмот е Нора Гарет, а продуценти се Брајан Грејзер, Џеб Броди и Алан Манделбаум.
Ова е втор филм на режисерот Лука Гвадањино за студиот Амазон МГМ по премиерата на неговиот филм „Предизвикувачи“ минатата година во кој главната улога ја толкуваше Зендеја.
Слични новости
Џена Ортега одушевена од соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“
Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.