Денвер Нагетс беа поразени во Медисон Сквер Гарден од Њујорк Никс со 134:127 по две продолженија. Никола Јокиќ имаше трипл дабл со 30 коша, 14 скока и 10 асистенции, но имаше очајно лош шут за тројка 1 од 13.

На крајот од регуларниот тек од средбата тој шутираше за победа но промаши. Јокиќ по натпреварот рече дека не верува во среќа и дека среќата треба да се заработи.

Имавме шанси да победиме, но не ги искористивме, рече Јокиќ, кој сеуште закрепнува од сериозната повреда.

Јокиќ рече и дека причина за поразот на Денвер е добрата одбрана на Њујорк и лошиот шут на Денвер.  

Слични новости

Дебакл на италијанскиот фудбал

Дебакл на италијанскиот фудбал

Италија е на пат оваа сезона во Лигата на шампионите да доживее незапаметен дебакл, затоа што лесно може да се случи во осминафиналето да нема ниту еден претставник.