Тренерот на Црвена Ѕвезда Владан Милојевиќ оцени дека судењето на мечот меѓу Милан и Црвена Ѕвезда во шестото коло на Лигата на шампионите било срамотно.
Црвена Ѕвезда беше поразена од Милан на стадионот сан Сиро со 2:1, со гол на Тејми Абрахам во 87 минута , кому му претходеше прекршок врз капитенот на Ѕвезда Урош Спајиќ, но судијата Хесус Хил Манзано го призна голот.
„До сега не зборував, спротист сум. И се наголтав тешки порази. Но ова што се случи е срам за Лигата на шампиони. Од почетокот на Лигата на шампиони како да имаат проблем со нас. Чист фаул, а судијата не сакаше да го санкционира“ изјави Милојевиќ.
Милан да мора да победи на ваков начин е навистина грдо, порача Милојевиќ.
Слични новости
Лукман избран за најдобар фудбалер од Африка
Нигериeцот Адемола Лукман е најдобриот африкански фудбалер во 2024 година
Бурнмаут и Вест Хем одиграа без победник
Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига
„Шестка“ на Интер во Рим
Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0