Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, по поразот на неговиот тим на домашен терен од Глазгов Ренџерс со резултат 1:3 им порача на навивачите на Ренџерс да не претеруваат со прославите затоа што има уште еден натпревар. „Ништо не е готово, има уште 90 или 120 минути“ изјави португалскиот тренер.

Тој рече дека не е задоволен од играта на своите играчи, но дека е среќен што загубиле само со два гола разлика, затоа што можеле да загубат и повеќе.

„Не е фер да се каже дека бевме трагедија во одбраната. Бевме трагедија на секој дел од теренот. Сепак, овој резултат не е толку лош, бидејќи можевме да загубиме со повеќе голови разлика“ изјави Мурињо.  

Слични новости

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон ја забележа деветтата последователна победа

Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа