Фудбалерите на Париз Сен Жермен синоќа сосема го надиграа Ливерпул на „Паркот на принцовите“ и победија со 2:0 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Еврпскиот првак беше многу подобар и требаше да слави многу поубедливо пред реваншот на Енфилд што се игра следниот вторник.

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике изјави дека е штета што резултатот не е поуверлив. „Одигравме сјаен натпревар пред нашите навивачи. Заслуживме да постигнеме повеќе голови, но ова е Лига на шампионите и задоволни сме и со 2:0.

Енрике рече и дека не очекувал Ливерпул да настапи во таква формација со тотална дефанзива. „Навистина е изненадувачки ЛИверпул да игра на овој начин, Тие се сменети“ изјави Енрике.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено