Кoшаркарот на Мајами Хит Тери Розир денеска е упасен во рамките на истрагата на ФБИ за кладење на спортски настани, јави спортската телевизија ЕСПН. Розир е приведен во хотел во Орландо, додека неговиот тим ден претходно загуби од истоимениот тим, а Розир не играше на натпреварот поради одлука на тренерот.

Истрагата се однесува на сомнителните обложувања на неговите статистики за време на натпреварот Шарлот-Њу Орлеанс одиграна во март 2023. Спортските кладилници во повеќе сојузни држави во САД пријавија необично зголемен интерес на кладење дека тој ќе постигне помалку поени, скокови и асистенции.

Розир на тој меч одигра само 10 минути поради наводна повреда на стопалото. Мечот од март беше последен за Розир за Шарлот пред да потпише четиригодишен договор со Мајами вреден 96,3 милиони долари.

Чонси Билапс, според Еј Би Си њуз е уапсен поради организирање илегални покер операции во полза на мафијата. И Билапс и Розиер се приведени и се наоѓаат во притвор.

 

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0