Бундеслигашот Аугсбург му даде отказ на тренерот Сандро Вагнер по низата слаби резултати на тимот. Веста ја пренесоа речиси сите водечки спортски медоими во Германија.
Екипата од Баварија има три порази во низа во Бундеслигата каде што се наоѓа на 14-тото место со само 3 победи од 12 одиграни мечеви.
Сандро Вагнер летоска го замени Јенс Торуп на клупата на Аугсбург.
Засега не се спомнува кој ќе биде наследникот на Вагнер на клупата на Аугсбург.
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


