Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше на ставовите на Владата дека барањето за намалување на функционерските плати е политиканство и неуставно.

Тој порача дека предложената формула на ССМ е целосно уставна и законска и има за цел да ги заштити интересите на работниците.

Според Трендафилов, намалувањето на основицата за пресметка на функционерските плати од просечна на минимална плата, како и намалувањето на коефициентите за сложеност, би значело реално намалување од 80 отсто, со што функционерите би се вратиле во економската реалност на работниците.

ССМ бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за најмалку 6.000 денари.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.