Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше на ставовите на Владата дека барањето за намалување на функционерските плати е политиканство и неуставно.

Тој порача дека предложената формула на ССМ е целосно уставна и законска и има за цел да ги заштити интересите на работниците.

Според Трендафилов, намалувањето на основицата за пресметка на функционерските плати од просечна на минимална плата, како и намалувањето на коефициентите за сложеност, би значело реално намалување од 80 отсто, со што функционерите би се вратиле во економската реалност на работниците.

ССМ бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат за најмалку 6.000 денари.

 

Слични новости

Филипче смета дека со помало луксузирање на власта реално е да се постигне минималец од 600 евра

Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, а од овие пари само 7,5 милијарди денари се доволни за покачување на минималецот.

Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.