По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Со отворањето се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави.

„Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави и во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“,.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан, присуствуваше на поставување на камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, а беше и во посета на Ресен заедно со градоначалникот.
За техничките карактеристики, инвестицијата и сето поврзано со изградбата на овој граничен премин, Мицкоски се заблагодари на Европската Унија, УНДП, на општините кои се опфатени.
Слични новости
Стартува воената вежба „Брз одговор 2025“, најголема во земјава
Според американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија.
Тркалезна маса – „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“
По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ во организација на невладината организација „Новинари за човекови права“.
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“
Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, придружуван од поранешниот министер за информатичко општество и администрацијана Азир Алиу на денешната прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата