По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Со отворањето се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави.

„Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави и во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“,.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан, присуствуваше на поставување на камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, а беше и во посета на Ресен заедно со градоначалникот.
За техничките карактеристики, инвестицијата и сето поврзано со изградбата на овој граничен премин, Мицкоски се заблагодари на Европската Унија, УНДП, на општините кои се опфатени.
Слични новости
Предлог ратификација на Договорот со Обединетото Кралство во матичната собраниска комисија и на пленарна седница
Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Велика Британија денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница
Меџити: Домашните математики на Таравари и Ахмети, не излегоа точни на пазарот
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е еден од лидерите во Коалицијата ВЛЕН, смета дека со излегувањето на Арбен Таравари од Владата и од Коалицијата, тој и лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кој сакал да соработува, имаат повеќе штета отколку корист
Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел
Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис Рокас