По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Со отворањето се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави.

„Денеска е посебен ден за Преспа. Овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата и мислам дека ваквите примери се позитивни и за двете држави и во таа насока треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“,.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан, присуствуваше на поставување на камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“, а беше и во посета на Ресен заедно со градоначалникот.
За техничките карактеристики, инвестицијата и сето поврзано со изградбата на овој граничен премин, Мицкоски се заблагодари на Европската Унија, УНДП, на општините кои се опфатени.
Слични новости
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет
Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.
Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата
Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски