Суфицитот на Европската унија во трговската размена со Соединетите држави значително се намали во третиот квартал, при што европскиот завод за статистика забележа дека на почетокот од годинава го достигнал највисокото ниво откако се објавуваат ваквите податоци.

Во периодот јули-септември, трговскиот суфицит на ЕУ во стоковата размена со САД изнесувал 40,8 милијарди евра, пресметале статистичарите, што е намалување од 13,3 отсто во однос на пролетниот квартал.

Споредбата со првиот квартал покажува околу за половина помал плус, при што статистичарите забележаваат дека сумата од 81,2 милијарди евра во периодот јануари-март била највисоката откако се објавуваат податоците.

 

Почетокот на годината беше обележан со раст на испораките во САД, напомнуваат статистичарите, бидејќи компаниите брзаа со нарачаките пред стапувањето на сила на најавените американски царини.

Во периодот од јули до септември, Унијата забележа најголем суфицит во трговијата со хемикалии и сродни производи и машини и возила, од 23,0 милијарди и 19,6 милијарди евра, соодветно.

Според податоците на Eurostat, потоа следуваат секторот за други индустриски производи и секторот за храна и пијалaци.

Сифицитот во трговијата со хемикалии, традиционално силен европски извозен сектор, се намали и во третиот и во вториот квартал, кога изнесувал 24,7 милијарди евра. На почетокот од годината, скокна на 54,1 милијарди евра во очекување на царините, забележуваат статистичарите.

Во третиот квартал, Унијата забележа дефицит во трговијата со стоки со САД во категоријата енергија, од 14,3 милијарди евра, и во категоријата суровини, од 1,4 милијарди евра, според податоците на Eurostat.

Дефицитот во трговијата со енергенси сè уште значително помал отколку на почетокот на годината, кога изнесуваше 17,9 милијарди евра.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена