Американскиот трговски дефицит значително се намалил во август, што одразува пад на увозот на стоки, објави Министерството за трговија во средата во одложеното објавување на официјалните податоци поради затворањето на федералната влада.
САД забележале дефицит во размената на стоки и услуги со светот во август од 59,6 милијарди долари, што е намалување за 23,8 отсто во однос на јули, според ревидираните податоци.
Увозот се намалил за 5,1 отсто, на 340,4 милијарди долари, соопшти Министерството. Вредноста на извозот, пак, останала горе-долу на јулското ниво, на 280,8 милијарди долари.
Намалувањето на вкупниот трговски дефицит во август првенствено одразува помал дефицит во трговијата со стоки за 17,5 отсто во споредба со јули, на 85,6 милијарди долари.
Сифицитот во трговијата со услуги, пак, малку се зголемил, на 26,1 милијарда долари, при што извозот е речиси на нивоата од средината на летото.
Увозот на стоки се намалил за 6,6 отсто од јули, на 93,4 милијарди долари.
Според американските податоци, САД имаа најголем трговски суфицит со Холандија во август, од 5,1 милијарда долари.
Најголем трговски дефицит имале со Мексико, од 16,3 милијарди долари. Кина и Виетнам се веднаш зад него, со трговски дефицити на САД од 15,4 милијарди долари и 14,4 милијарди долари, соодветно.
САД имале дефицит од 8,1 милијарда долари со Европската унија во август, што е намалување од 500 милиони долари во однос на јули, покажуваат податоците.
Трговски дефицити се забележани и во август со Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Канада, Малезија, Израел и Швајцарија, покажуваат податоците. Меѓу земјите од ЕУ, минус е регистриран во трговијата со Германија, Ирска, Италија и Франција.
Извештајот за надворешната трговија на САД во август оваа година беше одложен, забележува министерството, поради прекин на буџетското финансирање на статистичкиот завод, а датумот на следното објавување ќе биде утврден подоцна.
Слични новости
РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година
Благ раст на европските берзи
На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД
Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо се зголеми во претпладневното тргување во петокот


