Индија се согласи да купува нафта, воени стоки, електроника, фармацевтски и телекомуникациски производи, како ин авиони од САД во рамките на трговската спогодба, изјави висок претставник на американската влада за Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигната трговска спогодба со Индија со која американските царини за индиски стоки се намалуваат од 50 на 18 насто, во замена за прекин на купување на руска нафта од Њу Делхи и намалување на трговските бариери.

Трамп наведе дека Индија се согласила да купува американски стоки на многу повисоко ниво, вклучувајќи енергија, јаглен, технологија и други производи во вредност од 500 милијарди долари.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.