Роберт Ф Кенеди Џуниор кој го поддржа Трамп, а е син на убиениот Роберт Кенеди, тврди дека ЦИА е вмешана во атентатите врз неговиот татко и чичко. ЦИА ги отфрли неговите обвинувања како неосновани.
Претседателот на САД Доналд Трамп издаде нова извршна наредба со која повикува да се симне ознаката тајност на документите поврзани со трите најзначајни атентати во историјата на Америка: Убиството на Џон Ф Кенеди, убиството на неговиот брат Роберт Кенеди и убиството на Мартин Лутер Кинг.
„Ова е големо. Многумина на ова чекаа со години, со децении“ изјави Трамп додека ја потпишуваше уредбата во Белата куќа. Тој порача дека „се ќе биде откриено“.
Со години овие досијеа ги фасцинираа истражувачите, репортерите, теоретичарите на заговори и политичарите, вклучувајќи го и самиот Трамп.
Американскиот Конгрес во 1992 донесе закон кој наложува досијеата поврзани со убиството на Џон Кенеди да бидат објавени за 25 години, освен ако претседателот не процени дека штетата за националната безбедност е поголма од интересот на јавноста за укинувањена ознаката тајност.
Многу од документите за убистото на Кенеди од 1963 веќе се објавени, но уште 4.7000 документи и списи се целосно или делумно чувани во тајност.
Во наредбата Трамп не објасни кои документи ќе и бидат достапни на јавноста, нити вети целосно укинување на ознаката тајност. Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди беа убиени во 1968. Рокот за откривање на убиството на Џон Кенеди е 15 дена по наредбата, а на Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кенеди е 45 дена.
Роберт Ф Кенеди Џуниор кој го поддржа Трамп а е син на убиениот Роберт Кенеди, и тврди дека ЦИА е вмешана во атентатите врз неговиот татко и чичко. ЦИА ги отфрли неговите обвинувања како неосновани. Мартин Лутер Кинг го уби Џејмс Ерл Реј, приврзаник на сегрегацијата, но семејството на Лутер Кинг тврди дека тој не делувал самостојно.
Трамп за досијеата во извршаната наредба наведува дека „утврдил дека нивното стално ревидирање и ускратувањето информации од записите за убиството на претседателот Џон Кенеди се спротивни од интересот на јавноста, како и дека овие списи одамна треебало да бидат објавени“.
Американскиот претседател додаде дека решил да се објават сите записи и за убиството на сенаторот Роберт кенеди и доктор Мартин Лутер Кинг, кои исто така се во интерес на јавноста.
Во рок од 15 дена од оваа уредба, директорот на националната разузнавачка служба и државниот обвинител, во координација со помошникот на претседателот за национална безбедност и советникот на претседателот, ќе претстават план до Трамп за целосно објавување на списите врзани за убиството на Џон Фицџералд Кенеди.
Слични новости
Европа не е играчка на Трамп
Клучот на секоја европска стратегија би требало да почива на сознанието дека парадоскално, 20 јануари не беше само почетокот на вториот мандат на Доналд Трамп, туку и врвот на неговото глобално влијание. Потоа, неговиот пат ќе оди само надолу.
Исклучете ги алгоритмите
Ова е криза. Либералната демократија ќе биде распарчена доколку Урсула фон дер Лајен не преземе нешто брзо. Американските и кинеските технолошки олигарси ги контролираат алгоритмите кои го обликуваат начинот на кој Европејците го гледаат светот на социјалните мрежи.
Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето
Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек