Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп подоцна во вторникот да ја прекине соработката на неговата земја со Советот за човекови права на Обединетите нации (HRC) и да ја продолжи забраната за финансирање на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA), рекол во понеделникот претставник на Белата куќа.
Овој потег се совпаѓа со посетата на Вашингтон на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој долго време ја критикуваше UNRWA обвинувајќи ја агенцијата за антиизраелска пристрасност и нејзините вработени за „ангажман во терористички активности против Израел“.
За време на првиот мандат на Трамп од 2017 до 2021 година, тој исто така го суспендираше финансирањето на UNRWA, доведувајќи ја во прашање вредноста на агенцијата, велејќи дека Палестинците треба да се согласат на обновување на мировните преговори со Израел и повикувајќи на неодредени реформи.
Првата администрација на Трамп, исто така, го напушти 47-члениот Совет за човекови права на половина од својот тригодишен мандат поради, како што рече, хроничната пристрасност кон Израел и немањто реформи.
САД во моментов не се дел од телото со седиште во Женева. За време на доскорешниот претседател Џо Бајден, САД беа реизбрани во Советот за мандатот 2022-2024 година, но го суспендираше финансирањето на UNRWA.
Работната група за HRC ќе објави преглед на состојбата со човековите права во САД во август, процес низ кој поминуваат сите земји на секои неколку години. Иако телото нема правно обврзувачки овластувања, неговите размислувања имаат политичка тежина, а критиката може да го зголеми меѓународниот притисок врз владите да ги променат политиките.
Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, Трамп наложи САД да се повлечат од Светската здравствена организација (СЗО) и Парискиот договор за климатски промени, што го направи за време на неговиот прв мандат.
Израелскиот амбасадор во САД, Дени Данон, ги пофали очекуваните потези на Трамп во понеделникот, обвинувајќи го HRC дека „агресивно промовира екстремен антисемитизам“.
„Во исто време, UNRWA го загуби статусот на независна хуманитарна организација и се претвори во терористичко тело под контрола на Хамас и под маската на хуманитарна агенција“, рече тој.
Генералниот комесар на UNRWA, Филип Лазарини, минатата седмици изјави дека агенцијата била цел на „жестока кампања на дезинформации“ за „да се прикаже агенцијата како терористичка организација“.
САД беа најголемиот донатор на организацијата, обезбедувајќи меѓу 300 и 400 милиони долари годишно, но Бајден го замрзна финансирањето во јануари 2024 година, откако Израел обвини десетина вработени во UNRWA за учество во смртоносниот напад врз Израел од страна на палестинските милитанти на Хамас на 7 октомври 2023 година. што ја предизвика војната во Газа. Американскиот Конгрес тогаш официјално ги суспендираше донациите за UNRWA најмалку до март 2025 година.
UNRWА обезбедува помош, здравствени и образовни услуги за милиони Палестинци во Газа и на Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим, Сирија, Либан и Јордан.
Обединетите нации соопштија дека девет членови на персоналот на UNRWA можеби биле вклучени во нападот на 7 октомври 2023 година и дека биле отпуштени. Исто така, беше наведено дека наводно за организацијата работел и командантот на Хамас во соседен Либан, иако палестинското движење во оваа земја имаше само канцеларија кој зажувеа по почетокот на ланската војна, кој беше убиен од Израел во септември. ОН ветија дека ќе ги истражат сите наводи и постојано бараа докази од Израел, за кои велат дека досега не се обезбедени.
Израелската одлука за забрана на UNRWA да работи на израелска територија и да комуницира со израелските власти стапи на сила на 30-ти јануари.
UNRWA во вторникот соопшти дека нејзината финансиска состојба е страшна, пред очекуваната одлука на американскиот претседател да продолжи со замрзнувањето на финансирањето.
Запрашана за коментар, портпаролката на UNRWA, Џулиет Тума, рече: „Кога и ако ќе биде издадена извршната наредба, ќе можеме да ја коментираме“. Но, посочи дека финансиската состојба на организацијата е „многу, многу лоша, се влоши во текот на изминатите неколку месеци и се очекува да продолжи да се влошува“.
Слични новости
Столтеберг именуван за норвешки министер за финансии
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот стана нов министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата
Сенатот го потврди Крис Рајт за нов американски министер за енергетика
Американскиот Сенат во понеделникот го потврди Крис Рајт, директор на нафтена компанија без политичко искуство, за нов секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Доналд Трамп
ЕК ќе толерира поголеми дефицити доколку земјите-членки трошат на одбраната
Најавата на претседателката на Комисијата би значела дека земјите-членки би можеле да имаат уште поголеми дефицити доколку овие средства се наменети за одбранбени проекти