Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина „брзо“ да постигне договор за окончување на војната со Русија, пред новите разговори што треба да се одржат во текот на викендот во Мајами.
„Блиску се до нешто, но се надевам дека Украина бргу ќе дејствува. Секогаш кога премногу одолговлекуваат, Русија го менува мислењето“, им изјави Трамп на новинарите во овалниот кабинет, пренесува Ројтерс.
Според наводите на Белата куќа, специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп Џаред Кушнер во мајами треба да се состанат со руска делегација во рамките на обидите на Вашингтон да постигне договор меѓу Москва и Киев.
Американски официјални лица наведуваат дека страните не се далеку од договор, иако клучното прашање останува барањето на Русија во рамките на секое решение да задржи дел од територијата на Украина.
Според наводите на овие извори, во рамки на предложениот мировен договор на Украина би можеле да и бидат понудени безбедносни гаранции според примерот на член 5 од Повелбата на НАТО, кој предвидува колективна одбрана.
Слични новости
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации
Eвропската Унија (ЕУ) воведува листа на „безбедни земји на потеклото“ на мигрантите заради нивни побрзи депортации
Зеленски сака одлука на ЕУ за финансирање на Украина до крајот на годината
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека ги информирал челниците на Европската унија дека одлуката за финансирање на неговата земја треба да се донесе до крајот на годината, во спротивно ќе се најде во големи проблеми
Де Вевер за „репаративниот заем“ за Украина: Сè уште не сум видел текст што би ја задоволил Белгија
Белгија не сака да ги сноси ризиците од таканаречениот „репаративен заем“ со користење на запленетите руски средства и може да се согласи на него само ако другите членки се согласат да ги споделат ризиците, а сè уште нема доволен напредок во врска со ова, изјави во четвртокот белгискиот премиер Барт де Вевер


