Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека ја откажал планираната средба со својот руски колега Владимир Путин поради недостигот од напредок во дипломатските напори за завршување на војната во Украина.
„Ја откажавме средбата со претседателот Путин, едноставно не ми се чинеше исправно Не изгледаше дека ќе стигнеме таму каде што требаше. Затоа ја откажав, но ќе го направиме тоа во иднина“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Трамп, исто така, ја изрази својата фрустрација од застојот во преговорите.
„Во однос на искреноста, единственото нешто што можам да го кажам е дека секој пат кога разговарам со Владимир, водам добри разговори, а потоа тие не водат никаде. Тие едноставно не водат никаде“, рече американскиот челник.
Трамп минатата седмица објави по меѓусебниот две ипол часовен телефонски разговор дека тој и Путин наскоро ќе се сретнат во Унгарија за да се обидат да ја прекинат војната во Украина, но официјален претставник на Белата куќа во вторникот изјави дека нема планови за состанок „во блиска иднина“.
Во вторникот Трамп рече дека не сака да има „пропаднат состанок“, но предложи можност за состанок, додавајќи дека „ќе ве известуваме во следните неколку дена“.
Откажувањето на самитот дојде откако Белата куќа објави нови санкции против руските нафтени компании како дел од пошироките напори за притисок врз Москва да ги прекине своите воени операции во Украина.
Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе натамошни мерки и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната на Русија во Украина, која започна во февруари 2022 година.
„Во светлината на одбивањето на претседателот Путин да ја прекине оваа бесмислена војна, Министерството воведува санкции врз две од најголемите нафтени компании во Русија кои ја финансираат воената машина на Кремљ“, изјави секретарот за финансии Скот Бесент.
Санкциите претставуваат голема промена во политиката на Трамп, кој не воведе санкции против Русија поради војната, туку се фокусираше на трговски мерки.
Трамп рече дека се надева оти новите мерки ќе бидат привремени.
Слични новости
Калас: САД остануваат најголем сојузник на ЕУ
Шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, изјави во саботата дека САД остануваат најголем сојузник на Европа
Бела куќа: Претставници на САД и Украина одржаа продуктивна средба во Мајами, закажани натамошни разговори
Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, Стив Виткоф одржа продуктивни разговори со високиот преговарач од Украина, Рустем Умеров, во Мајами, Флорида, соопшти претставник на Белата куќа
Зеленски го отстрани Јермак и од Советот за национална безбедност и од врховната команда
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши својот поранешен шеф на кабинетот, Андриј Јермак, од Советот за национална безбедност, во екот на обемната истрага за корупција што го потресе Киев


