Претседателот на Америка Доналд Трамп нареди прекин на воената помош за Украина, откако во петокот дојде до вербален судир меѓу него и украинскиот претседател Владимир Зеленски во Белата куќа, објави Си Ен Ен, повикувајќи се на извори во Белата куќа.
Како што наведуваат изворите, помошта за Украина ќе биде запрена се додека претседателот Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да разговара за мир. Прекинот на воена помош се однесува на целата воена опрема која сеуште нема пристигнато во Украина.
Аналитичарите оценуваат дека прекинот на американската воена помош, која уследи по серијата состаноци на Трамп со највисоките службеници на администрацијата за национална безбедност, сериозно би можела да влијае на способноста на Украина да се бори.

„Влијанието на прекинот на помошта ќе биде големо. Би го нарекол парализирачко“, изјави Марк Канчијан, советник од Центарот за меѓународни и стратегиски студии, кој ја следи војната во Украина.
Тој смета дека Киев ќе почне да ги чувствува последиците од прекинот на воената помош од САД за два до четири месеци, бидејќи помошта од Европа во моментов му помага на Киев да ја продолжи борбата.
Белата куќа донесе одлука да прекине со воената помош се додека не добие извинување од Зеленски, а државниот секретар Марк Рубио го повика украинскиот претседател јавно да се извини за своето однесување.
Европските лидери ја критикуваат оваа одлука на САД која сметаат дека е погрешна.
Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата