Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека со неа лошо се управува, како и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од оваа агенција пред да донесе одлука за нејзината иднина.
Трамп го пофали шефот на одделението за владина ефикансост Илон Маск затоа што суспендираше двајца највисоки службеници на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделението да им пристапи на системите на агенцијата.
Илон Маск утринава најави дека УСАИД ќе биде затворен и дека претседателот Трамп е согласен со него. Во меѓувреме Маск на платформата ИКС напиша дека УСАИД е криминална организација.
Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на помошта кон странство на три месеци и им наложи на службените лица да извршат ревизија на сите програми. Трамп бара правни начини за да ја оконча независноста на УСАИД, пренесе Ројтерс, а го разгледува и спојувањето на УСАИД со американскиот Стејт департмент.
Демократите го критикуваа Трамп поради неговите планови да го спои УСАИД со Стејт департментот и нагласија дека таа агенција според нејзиниот статут е независна институција.
Слични новости
Судија привремено го блокира Трамп во замрзнувањето на сојузното финансирање
Сојузен судија во петокот привремено ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги замрзне сојузните грантови, заеми и друга финансиска помош
Белгија добива влада по месеците преговори
Во земјата каде што федералните влади се традиционално коалициски влади, политичките партии постојано одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес
Италијански суд повторно го блокираше притворањето мигранти во Албанија
Судот во Рим во петокот нареди група мигранти затворени во камповите во Албанија да бидат префрлени во Италија, велат изворите на Reuters, што е...