Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека со неа лошо се управува, како и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од оваа агенција пред да донесе одлука за нејзината иднина.
Трамп го пофали шефот на одделението за владина ефикансост Илон Маск затоа што суспендираше двајца највисоки службеници на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделението да им пристапи на системите на агенцијата.
Илон Маск утринава најави дека УСАИД ќе биде затворен и дека претседателот Трамп е согласен со него. Во меѓувреме Маск на платформата ИКС напиша дека УСАИД е криминална организација.
Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на помошта кон странство на три месеци и им наложи на службените лица да извршат ревизија на сите програми. Трамп бара правни начини за да ја оконча независноста на УСАИД, пренесе Ројтерс, а го разгледува и спојувањето на УСАИД со американскиот Стејт департмент.
Демократите го критикуваа Трамп поради неговите планови да го спои УСАИД со Стејт департментот и нагласија дека таа агенција според нејзиниот статут е независна институција.
Слични новости
Гутереш ги повикува САД да разгледаат повеќе исклучоци од запирањето на помошта
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика Соединетите држави да разгледаат дополнителни исклучоци од 90-дневното суспендирање на странската помош за да „обезбедат континуирана испорака во кризни ситуации и хуманитарни активности“
Данска ќе инвестира 2 милијарди евра во Арктикот поради притисокот на САД врз Гренланд
Иако Данска е одговорна за безбедноста и одбраната на Гренланд, таа има ограничени воени капацитети на огромниот остров, поради што се смета за безбедносна црна дупка
Руте повикува земјите во НАТО да трошат повеќе од два отсто од БДП за одбраната
Земјите-членки ќе разговараат дали да ја зголемат целта од два проценти на самитот во Хаг ова лето, под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми трошоците за одбрана на пет проценти од БДП