Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја водат „куп радикални лудаци“ и дека со неа лошо се управува, како и дека ќе ги исфрли „лудаците“ од оваа агенција пред да донесе одлука за нејзината иднина.
Трамп го пофали шефот на одделението за владина ефикансост Илон Маск затоа што суспендираше двајца највисоки службеници на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат одделението да им пристапи на системите на агенцијата.
Илон Маск утринава најави дека УСАИД ќе биде затворен и дека претседателот Трамп е согласен со него. Во меѓувреме Маск на платформата ИКС напиша дека УСАИД е криминална организација.
Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на помошта кон странство на три месеци и им наложи на службените лица да извршат ревизија на сите програми. Трамп бара правни начини за да ја оконча независноста на УСАИД, пренесе Ројтерс, а го разгледува и спојувањето на УСАИД со американскиот Стејт департмент.
Демократите го критикуваа Трамп поради неговите планови да го спои УСАИД со Стејт департментот и нагласија дека таа агенција според нејзиниот статут е независна институција.
Слични новости
Израел ги ослободи палестинските затвореници по одложувањето по хаотичното предавање на заложниците
Хамас во четвртокот ослободи тројца израелски и пет тајландски заложници во Газа, а Израел почна да ослободува 110 палестински затвореници откако го одложи процесот поради хаотичните сцени на едно од местата за предавање каде што толпи луѓе се насобраа околу заложниците
Палестинските милитанти ослободија уште тројца израелски заложници
Палестинските милитанти групации во Појасот Газа во четвртокот ослободија уште тројца израелски заложници, во замена за 110 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и движењето Хамас кое управува со енклавата
Во Шведска убиен мажот што го запали Куранот
Бегалец и антиисламски активист од Ирак е убиен во Шведска доцна во средата, само неколку часа пред да биде осуден по судењето за палење Куран, покажа судскиот документ во четвртокот