Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека Украина не покажала никаква благодарност за американските напори за завршување на војната со Русија, па дури и додека американското оружје продолжува да се испорачува на Киев, како и дека Европа продолжува да купува руска нафта.
„Украинските претставници не покажаа никаква благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија“, напиша тој со големи букви на својата мрежа Truth Social, додавајќи дека САД продолжува да продава големи количества оружје на НАТО за потребите на Украина.
Американски, украински и европски претставници разговараа за нацрт-планот на Вашингтон за завршување на украинската војна во Женева во неделата.
Трамп го нападна и својот претходник, Џо Бајден, кого го обвини за неактивност на почетокот на конфликтот.
„Наследив војна којашто никогаш не требаше да се сличи, загуба за сите“, напиша претседателот на својата социјална мрежа.
Додаде дека „расипаниот Џо сето тоа го подели, бесплатно, бесплатно, бесплатно, вклучително и големи суми пари!”.
Американскиот државен секетар Марко Рубио подоцна во неделата во швајцарска Женева би требало да се состане со украинската делегација во настојувањата Киев да се согласи на американскиот план, според кој ќе ја предаде територијата којашто и не ја контролира уште од 2014 година, ќе се откаже од одржување голема армија на сметка на западната помош и од амбициите за придружување во НАТО во замена за безбедносни гаранци од САД.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


