За време на претходниот мандат, Трамп потпиша 220 извршни наредби, од кои некои беа оспорени на суд. Како што порача во инаугурацискиот говор, Трамп во овалниот кабинет потпиша директива за прогласување на вонредна состојба на јужната граница.
Извршните наредби се клучното средство на било кој американски претседател кој сака да остави сопствено влијание на политиката на владата, а Доналд Трамп не губи време по враќањето во Белата куќа. Првите часови по стапувањето на вториот мандат, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница со Мексико и распоредување на војската, нареди повлекување на Америка од Светската здравтсвена организација и помилува 1.600 учесници на насилните протести од упадот на Капитол во 2021.
Трамп реши да ја прекине политиката на зелена агенда, прогласи дека постојат само два пола, машки и женски и најави укинување на одлуката за гаснење на платформата Тикток во Америка. Во предизборната кампања најави и дека ќе ги отвори сите досијеа во врска со атентатот врз поранешниот претседател Џон Кенеди, како и атентатот врз Мартин Лутер Кинг.
За време на претходниот мандат, Трамп потпиша 220 извршни наредби, од кои некои беа оспорени на суд. Како што порача во инаугурацискиот говор, Трамп во овалниот кабинет потпиша директива за прогласување на вонредна состојба на јужната граница.
„Ова е голема работа“рече Трамп, ставајќи го потписот врз наредбата. Потпиша и наредба со која се суспендира американската програма за преселување на бегалците на четири месеци, иако деталите не се јасни.
Трамп и нареди на војската да ги „запечати границите“ поради протекот на илегални дроги и криумчарење луѓе. Потпиша и директива со која нарко картелите и меѓународните банди се прогласуваат за странски терористички организации.
Салвадорската мигрантска банда МС-13 и венецуелската банда Трен де Арагуа ќе бидат додадени на листата на која се наоѓаат Ал Каеда, Исламска држава и плаестинскиот Хамас. Трамп потпиша и извршна уредба за смртна казна за одредени имигрантски криминалци. Во наредбата детално се наведуваат оние врз кои би требало да се примени казната.
Во рамките на вонредната состојба на јужната граница Трамп им наложи на шефовите на агенциите повторно да покренат „изградба на дополнителни физички пречки во должина на јужната граница“. Кога во 2016 за прв пат беше избран за претседател Трамп потпиша наредба за изградба на граничен ѕид. Иако се изградени делови од ѕидот, тој не е целосно завршен.
Трамп ја потпиша извршната наредба за почетокот на повлекување на САД од Светската здравствена организација. „Оох, ова е навистина големо“, рече Трамп додека го потпишуваше документот. Ова е втор пат Трамп да наредува САД да се повлечат од СЗО. Трамп беше критичен кон тоа како СЗО со седиште во Женева се носи со пандемијата на Ковид 19 и започна процес на повлекување за време на пандемијата. Бајден подоцна ја поништи таа одлука.
Трамп издаде извршна наредба според која во САД ќе се признаваат само два пола- машки и женски. „Овие родови не се променливи и втемелни се на фудаменталната и непобитна стварност“, е ставот на американскиот претседател. Наредбата ќе влијае врз политиката за трансродни лица во поглед на владините комуникации, заштитата на граѓанските парава и федералното финансирање.
Извршните наредби се контроверзни затоа што го заобиколуваат одобрувањето на Конгресот и му овозможуваат на претседателот да дејствува како што тој мисли. Трамп вети дека ќе потпише низа извршни наредби непосредно откако ќе биде инаугуриран, покривајќи прашања кои варираат од имиграцијата, преку депортациите па се до трансродните права и животната средина.
Би Би Си
Слични новости
Бела куќа: Од сабота на сила стапуваат царините за Канада, Мексико и Кина
Американските царини за Канада, Мексико и Кина ќе стапат на сила во сабота, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит
Бојкот на супермаркетите низ целиот балкански регион
Според примерот на успешната граѓанска акција во Хрватска, за денеска е најавен бојкот и во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а во Словенија веќе е во тек бојкот на некои супермаркети.
Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот
По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.