САД постигнаа договор со Венецуела со кој ќе добијат контрола врз повеќе од 65 милијарди барели од нејзините докажани резерви на нафта, објави претседателот Доналд Трамп.

„Оваа историска трансакција овеќе од двојно ги зголемува американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, го поздрави договорот, оценувајќи дека тој ќе помогне во економското закрепнување на земјата. Таа во во соопштение изјави дека договорот ќе има „значително влијание врз обновувањето на нашата нација“.

 

 

Трамп вети дека ќе ги искористи резервите на Венецуела, кои се најголеми во светот, откако САД го заробија тогашниот претседател Николас Мадуро оваа година. Но, шефот на американската држава, беше под притисок да ги намали домашните цени на горивото, кои нагло пораснаа за време на конфликтот со Иран.

Државниот секретар Марко Рубио го нарече договорот „голема победа и за американскиот и за венецуелскиот народ“.„За венецуелскиот народ, овој договор ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции, ќе поддржи илјадници добро платени работни места и ќе придонесе за обновата на венецуелската економија“, тврди Рубио.

 

Слични новости

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Почнува заседанието на Генералното собрание на ОН

Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.