САД постигнаа договор со Венецуела со кој ќе добијат контрола врз повеќе од 65 милијарди барели од нејзините докажани резерви на нафта, објави претседателот Доналд Трамп.
„Оваа историска трансакција овеќе од двојно ги зголемува американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, го поздрави договорот, оценувајќи дека тој ќе помогне во економското закрепнување на земјата. Таа во во соопштение изјави дека договорот ќе има „значително влијание врз обновувањето на нашата нација“.
Трамп вети дека ќе ги искористи резервите на Венецуела, кои се најголеми во светот, откако САД го заробија тогашниот претседател Николас Мадуро оваа година. Но, шефот на американската држава, беше под притисок да ги намали домашните цени на горивото, кои нагло пораснаа за време на конфликтот со Иран.
Државниот секретар Марко Рубио го нарече договорот „голема победа и за американскиот и за венецуелскиот народ“.„За венецуелскиот народ, овој договор ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции, ќе поддржи илјадници добро платени работни места и ќе придонесе за обновата на венецуелската економија“, тврди Рубио.
Слични новости
Загрозено местото на Пит Хегсет како шеф на Пентагон
Американскиот претседател Доналд Трамп се консултирал со своите советници дали министерот за одрана Пит Хегсет би требало да остане на својата функција секретар за одбрана, по убедливиот пораз на Републиканците на изборите за Конгресот.
Илјадници луѓе на улиците на француските градови, полицијата предупредува на сериозни нереди
Илјадници луѓе започнаа протестни маршеви во неколку француски градови меѓу кои се Кан, Лион, Марсеј и Нант, додека во главниот град Париз се најавени сериозни нереди.
Демократското „Цунами“ го преплави американскиот Конгресот, почеток на крајот на „МАГА“
Изборите за Конгресот во САД се претворија во референдум за и против Доналд Трамп, на кои актуелниот американски претседател претрпе огромен пораз, многу поубедлив од најоптимистичните проекции на Демократите.


