САД постигнаа договор со Венецуела со кој ќе добијат контрола врз повеќе од 65 милијарди барели од нејзините докажани резерви на нафта, објави претседателот Доналд Трамп.
„Оваа историска трансакција овеќе од двојно ги зголемува американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, го поздрави договорот, оценувајќи дека тој ќе помогне во економското закрепнување на земјата. Таа во во соопштение изјави дека договорот ќе има „значително влијание врз обновувањето на нашата нација“.
Трамп вети дека ќе ги искористи резервите на Венецуела, кои се најголеми во светот, откако САД го заробија тогашниот претседател Николас Мадуро оваа година. Но, шефот на американската држава, беше под притисок да ги намали домашните цени на горивото, кои нагло пораснаа за време на конфликтот со Иран.
Државниот секретар Марко Рубио го нарече договорот „голема победа и за американскиот и за венецуелскиот народ“.„За венецуелскиот народ, овој договор ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции, ќе поддржи илјадници добро платени работни места и ќе придонесе за обновата на венецуелската економија“, тврди Рубио.
Слични новости
Тепачка меѓу пратениците во албанскиот Парламент
Инцидентот се случи на десеттиот ден од протестите во Албанија, за време на кои демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
САД наредија итна евакуација на амбасадите во Персискиот залив
САД наредија повлекување на дел од дипломатскиот персонал и на нивните семејства од Саудиска Арабија и подготвуваат слични мерки во другите земји од Персискиот Залив.
Tрамп за немирите во Европа: Нема да дозволиме да ни се случи истото
На узборен митинг во Канзас претседателот Трамп порача дека САД нема да дозволат да им се случи истото како во Европа и изрази надеж дека состојбата со демонстрантите ќе се смири.


