Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави интерент изданието на The New York Post доцна во саботата
Во интервјуто дадено во претседателскиот авион „Air Force One“ во петокот, Трамп рекол дека е „подобро да не каже“ на прашањето колку пати двајцата челници разговарале.
„Тој (Путин) сака луѓето да престанат да умираат“, изјавил Трамп за New York Post.

Кон крајот на јануари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин е подготвен за телефонски разговор со Трамп и дека Москва чека порака од Вашингтокако и дека и руската страна е подготвена.
Во петокот, Трамп рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната седмица за да разговараат за завршување на војната.
Војната, која започна со руска инвазија на Украина, ќе ја одбележи својата трета годишнина на 24 февруари. Илјадници луѓе, огромното мнозинство од нив Украинци, загинаа за време на конфликтот.
Трамп за The New York Post изјави дека „секогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната. Сепак, тој не откри повеќе детали.
„Се надевам дека ќе биде брзо. Луѓето умираат секој ден. Оваа војна во Украина е толку лоша. Сакам да ја прекинам проклетата работа“, рекол Трамп.
Слични новости
Американската војска ги нападнаа јеменските Хути, Трамп го предупреди Иран
Американските сили во саботата започна воени удари врз позиции на јеменските бунтовници од шиитското Хутистичко движење поради нивните обновени напади врз бродови во Црвеното Море
Трамп потпиша уредба за кратење на буџетот на „Гласот на Америка“ и на шест други агенции
Некои републиканци одамна го обвинуваат „Гласот на Америка“ за пристрасност против конзервативците. Месецов Маск повика на затворање на медиумот, како и на Радио Слободна Европа.
Повеќе стотици илјади луѓе на протести во Белград
Како што јавуваат српските медиуми цел Белград е закрчен од луѓе, а во градот нема јавен превоз поради безбедносни причини од 09 часот изутрината.