Примирјето меѓу САД и Иран останува во сила, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај инцидентите во водите на Ормускиот теснец, за кои Техеран и Вашингтон имаат различни верзии.
Американската војска соопшти дека нејзините поморски сили биле нападнати со ирански ракети, дронови и брзи чамци во теснецот и тие возвратиле со елиминирање на заканите и напади врз „иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили“.
Трамп рече дека се обиделе да ги испровоцираат, Американците жестоко возвратиле, но договорот за прекин на огнот и натаму останува во сила.
„Јас тоа го нарекувам ситница. Ќе ви кажам кога нема да има прекин на огнот. Ако нема прекин на огнот, нема да треба ни да знаете. Само ќе видите еден голем сјај што ќе доаѓа од Иран. И подобро е брзо да го потпишат договорот“ – изјави претседателот Трамп.
Според иранската страна, американските сили нападнале ирански нафтен танкер во крајбрежните води и уште еден брод во близина на пристаништето Фуџеира во ОАЕ, а американските проектили бомбардирале и цивилни региони во јужен Иран.
Ескалацијата доаѓа само еден ден откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го разгледува американскиот предлог за завршување на војната.
Слични новости
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.
Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници
Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.