Примирјето меѓу САД и Иран останува во сила, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп и покрај инцидентите во водите на Ормускиот теснец, за кои Техеран и Вашингтон имаат различни верзии.

Американската војска соопшти дека нејзините поморски сили биле нападнати со ирански ракети, дронови и брзи чамци во теснецот и тие возвратиле со елиминирање на заканите и напади врз „иранските воени објекти одговорни за нападите врз американските сили“.

Трамп рече дека  се обиделе да ги испровоцираат, Американците жестоко возвратиле, но договорот за прекин на огнот и натаму останува во сила.

„Јас тоа го нарекувам ситница. Ќе ви кажам кога нема да има прекин на огнот. Ако нема прекин на огнот, нема да треба ни да знаете. Само ќе видите еден голем сјај што ќе доаѓа од Иран. И подобро е брзо да го потпишат договорот“ – изјави претседателот Трамп.

Според иранската страна, американските сили нападнале ирански нафтен танкер во крајбрежните води и уште еден брод во близина на пристаништето Фуџеира во ОАЕ, а американските проектили бомбардирале и цивилни региони во јужен Иран.

Ескалацијата доаѓа само еден ден откако иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го разгледува американскиот предлог за завршување на војната.

 

 

Слични новости

Нови руски удари во Украина

Нови руски удари во Украина

Нападите следуваат по краткото примирје за време на православниот Велигден, за кое двете страни меѓусебно се обвинија дека го прекршиле.

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

Иран го обвинува Венс дека го известувал Нетанјаху за текот на преговорите

За време на неодамнешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс одржувал паралелна комуникација со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската телевизија.