Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ветил 20 милијарди долари финансиска поддршка за Унгарија, што е спротивно на претходните изјави на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Не, не му ветив, но тој ја побара“, изјави Трамп за Politico во интервју објавено во вторникot.

Кон средината на ноември, Орбан им рече на членовите на својата делегација по посетата на Белата куќа дека Унгарија може да смета на американскиот „финансиски штит“ во случај на „шпекулативен или политички напад“ однадвор.

 

„Така планирам за иднината. Добро утро, Брисел“, рече Орбан, осврнувајќи се на големите суми што ЕУ ги задржува од Унгарија поради загриженост за владеењето на правото.

Неколку дена подоцна, Орбан ја наведе сумата на која се надеваше во интервју за унгарскиот телевизиски канал ATV.

„Износот што ни е потребен за стабилност е од 10 до 20 милијарди долари или евра, што не е значајна сума од американска перспектива“, рече тој.

Минатиот месец, Трамп ѝ одобри на земјата-членка на ЕУ продолжување на увозот на руски енергенси и покрај санкциите на САД воведени поради руската инвазија на Украина. Орбан е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во блокот од 27 земји.

Во интервју за Politico, Трамп повика на разбирање за ситуацијата во Унгарија, истакнувајќи дека земјата нема излез на море и затоа не може да увезува енергeнси со бродови.

globe

Слични новости

ЕУ ја прекинува финансиската помош за Грузија

ЕУ ја прекинува финансиската помош за Грузија

Европската унија не планира по 2025 да ја продолжи финансиската помош на Грузија, соопшти Европската комисија. Брисел изрази „сериозна загриженост“ во врска со скршнувањето од демократските принципи и кршењето на владеењето на правото во оваа кавкаска земја.