Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе разговараат за тоа како да го анектираат Гренланд на овогодишниот Светски економски форум во Давос, затоа што Данска не може да ја заштити таа територија.

„Мораме да го имаме Гренланд. Мора да ни го дадат. Данска не може да го заштити“ им изјави Трамп на американските новинари во Флорида.

Тој рече дека ги познава данските лидери и дека тие се многу добри луѓе, но дека тие дури и не одат во Гренланд.

Истовремено, Данска денеска испрати нови трупи на Гренланд каде што започна воена вежба за заштита на критичната инфратсруктура со неколку европски сојузници. 

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона