Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека ќе биде подготвен да се сретне со својот ирански колега за да се обиде да го убеди Иран да се откаже од она што САД веруваат дека се напорите на Техеран да развие нуклеарно оружје, а во меѓувреме ќе ја обнови кампањата за „максимален притисок“ во Иран.

Кампањата за „максимален притисок“ врз Иран вклучува напори „да се намали извозот на иранска нафта на нула за да се спречи Техеран да развие нуклеарно оружје“. Трамп вели дека Иран е „премногу блиску“ до поседување нуклеарно оружје и дека САД „имаат право да ја блокираат продажбата на иранска нафта на други земји“.

Пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потпиша претседателски указ со кој повторно се наметнува острата политика на Вашингтон кон Иран, која се практикуваше за време на неговиот прв мандат. Тој, исто така, потпиша документ со кој се прекинува учеството на САД во Советот за човекови права на ОН (HRC) и се намалува финансирањето на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот исток (UNRWA).

Трамп го обвини поранешниот претседател Џо Бајден дека не успеал ригорозно да ги спроведе санкциите за извозот на иранката нафта, кои според него го охрабриле Техеран да продава нафта за да ја финансира својата програма за нуклеарно оружје и вооружените шиитски милиции на Блискиот исток.

„Иран драматично го забрзува збогатувањето на ураниум до 60 проценти чистота, блиску до нивото на оружје од околу 90 проценти“, изјави шефот на нуклеарното набљудување на ОН за Reuters во декември.

Иран со децении негира дека сака да развие нуклеарно оружје, велејќи дека неговите нукеларни постројки се наменети за производство на електрична енергија и во научни испотувања, во прв ред во медицината

Меморандумот на Трамп, меѓу другото, ќе му нареди на американскиот министер за финансии да наметне „максимален економски притисок“ врз Иран, што ќе вклучи дополнителни санкции за оние кои ги прекршуваат постоечките санкции, изјави американски претставник.

„Администрацијата на Трамп ќе се обиде да го намали извозот на иранска нафта на нула“, рекол за Reuters е претставникот.

Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк сè уште не одговорила на барањето на агенцијата за коментар.

Според проценките на американската Управа за енергетски информации, извозот на нафта му донел на Техеран 53 милијарди долари во 2023 година и 54 милијарди долари претходната година. Производството во текот на 2024 година беше на највисоко ниво од 2018 година, врз основа на податоците на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC).

Според пишувањето на Reuters Трамп го довел извозот на иранска нафта речиси на нула за време на неговиот прв мандат, откако повторно ги воведе санкциите еднострано извлекувајќи ги САД од нукеларниот договор на Иран со шесте светски сили потпишан во Виена во ноември 2015 година. Откако американските сојузници во ЕУ речиси цела година не успеаја да ја заштат оштетената иранска економија од санкциите на Вашингтон, Техеран постепено ги укинуваше своите обврски од нуклеарниот договори, првенствено во количеството и степенот на збогатен ураниум.

Сепак, Иран до крајот на првиот мандат на Трамп и во мандатот на Бајден, успеваше да ги избегне санкциите.

Според оптимистичките проценки на западните земји, Меѓународната агенција за енергија (IAEA) со седиште во Париз верува дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и другите членки на OPEC ќе имаат политичка волја и капацитет да го надоместат изгубениот извоз од Иран, со што би се избегнале ценовни шокови на глобалниот нафтен пазар.

globe

Слични новости