Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите земји кои сакаа да станат дел од БРИКС се откажале од тие амбиции поради американските царини.
„Им кажав на сите кои сакаат да бидат дел од БРИКС дека тоа е во ред, но дека ние ќе им воведеме царини на нивните земји. Сите отстапија. Сите се откажаа од БРИКС, а БРИКС е напад врз доларот и им кажав ако саката да ја играте таа игра ќе ви введеме царини. Веќе не разговараат за БРИКС„, им порача Трамп на новинарите на конференција за медиумите.
Трамп нагласи дека американската политика со закана за царини била решавачки фактор во откажувањето на земјите од планираното членство во економскиот сојуз БРИКС.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


