Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека го повикал Иран да ги бомрадира Сан Диего и Лос Анџелес, наведувајќи дека зборувал за привремено зголемување на цената на бензинот како мала цена во споредба со цената што би се платила ако Иран успее да дојде до посед на нуклеарно оружје.

Во објавата на неговата социјална мрежа „Truth Social“ Трамп ги обвини медиумите кои ги нарече „лажни вести“ дека намерно ги претставуваат неговите изјави во погрешно светло.

„Се што правев е споредба меѓу тоа да плаќате малку повисока цена за бензин за кусо време и бомбардирањето на нашите големи градови“ наведе Доналд Трамп.

Изјавите на Трамп наидоа на остри критики на политичари од Калифорнија, но и од други делови на Америка.

Слични новости

Три години војна во Газа

Три години војна во Газа

Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.