Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.

„Иран не може да има нуклеарна бомба. Се надеваме дека ќе ги вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме. Постојат неколку луѓе во раководството на Иран кои нема да се вратат“ изјави Трамп во интервју за Фокс њуз по почетокот на израелските воздушни напади врз Иран.

 

Американскиот државен секретар Марк Рубио рече дека САД на никој начин не се поврзани со нападот на Израел врз цели во Иран, како и дека Израел презеде еднострана акција.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД како наблизок сорабоник на Израел. „САД како главни поддржувачи на овој режим ќе бидат одговорни за опасните последици од оваа непромислена авантура“ порача Аракчи.

Слични новости

Над 290 загинати во падот на индискиот авион, еден патник преживеа

Над 290 загинати во падот на индискиот авион, еден патник преживеа

Повеќе од 290 лица загинаа во четврток во пад на патнички авион во индискиот град Ахмедабад, соопшти полицијата, а здравствените власти потврдија дека еден патник ја преживеал најлошата воздушна катастрофа во светот последната деценија

Шведска го обвини Израел за „воено злосторство“ ​​во Газа

Шведска го обвини Израел за „воено злосторство“ ​​во Газа

Одбивањето на Израел да дозволи хуманитарна помош во Појасот Газа и нападите врз дистрибутивните центри предизвикуваат глад кај цивилите, што претставува воено злосторство, обвини во четвртокот министерката за надворешни работи на Шведска