Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека Иран не може да има нуклеарна бомба и дека САД се надеваат дека властите во Техеран ќе се вратат на преговарачката маса.

„Иран не може да има нуклеарна бомба. Се надеваме дека ќе ги вратиме на преговарачката маса. Ќе видиме. Постојат неколку луѓе во раководството на Иран кои нема да се вратат“ изјави Трамп во интервју за Фокс њуз по почетокот на израелските воздушни напади врз Иран.

 

Американскиот државен секретар Марк Рубио рече дека САД на никој начин не се поврзани со нападот на Израел врз цели во Иран, како и дека Израел презеде еднострана акција.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги обвини САД како наблизок сорабоник на Израел. „САД како главни поддржувачи на овој режим ќе бидат одговорни за опасните последици од оваа непромислена авантура“ порача Аракчи.

Слични новости

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нападите врз Иран само што почнаа

Израелската војска соопшти дека нејзините воздухопловни сили продолжуваат да го напаѓаат Иран и дека операцијата тукушто започна. Израел ноќеска отпочна напад врз Иран, наведувајќи дека се гаѓани нуклеарни објекти, фабрики за балистички проектили, воени команданти и физичари, чија цел е да се спречи Техеран да развие нуклеарно вооружување.

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Иран побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации

Владата на Иран соопшти дека израелскиот напад врз оваа земја во кој има голем број на загинати докажува дека „нелегитимниот режим во Ерусалим“ не се придржува до никакви меѓународни правила и закони.

Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници

Израел почна воздушни удари врз Иран, убиени се воени команданти и научници

Во израелските напади се убиени главниот командант на Корпусот на чуварите на исламската револуција генерал Хосеин Салами и начелникот на генералштабот на иранските оружени сили генерал Мохамед Багери. Убиени се и најмалку шест ирански физичари ангажирани на нуклеарната програма на Иран.