Амeриканскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Канада со 50% царина за секој авион продаден во САД. Ова е најнов економски напад на Трамп врз канада, откако неговите релации со канадскиот премиер Карни ескалираа.
Претходно Трамп се закани дека ќе воведе 100% царина за стоки увезени од Канада ако продолжи со планираниот трговски договор со Кина.
Трамп рече и дека е многу опасно што Велика Британија сака да тргува со Кина. „Многу е опасно за нив да го прават тоа, а мислам дека е уште поопасно Канада да влегува во бизнис со Кина. Не може да се гледа на Кина како одговор“ порача Трамп.
Слични новости
Нетфликс оствари приход од 12,1 милијарди долари и ги надмина очекувањата
Стриминг компанијата Нетфликс објави дека оствари приход од 12,1 милијарда долари за четвртиот квартал од минатата година, што ги надмина прогнозите на берзанските аналитичари, пренесе Ројтерс.
Скок на акциите на Волстрит откако Трамп ги повлече новите царини за Европа
Акциите во САД пораснаа откако претседателот Доналд Трамп ги повлече новите европски тарифи, велејќи дека е постигнат прелиминарен договор за Гренланд.
Почнува Светскиот економски форум во Давос
Околу 3,000 учесници се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот, со цел да разговараат за глобалната економија, трговијата и вештачката интелигенција (ВИ) под мотото „Дух на дијалог“.


