Амeриканскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Канада со 50% царина за секој авион продаден во САД. Ова е најнов економски напад на Трамп врз канада, откако неговите релации со канадскиот премиер Карни ескалираа.

Претходно Трамп се закани дека ќе воведе 100% царина за стоки увезени од Канада ако продолжи со планираниот трговски договор со Кина.

Трамп рече и дека е многу опасно што Велика Британија сака да тргува со Кина. „Многу е опасно за нив да го прават тоа, а мислам дека е уште поопасно Канада да влегува во бизнис со Кина. Не може да се гледа на Кина како одговор“ порача Трамп.

 

Слични новости