Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку демократите на изборите за Конгресот го освојат мнозинството, тогаш тој ќе ги блокира законите на претставничкиот дом со користење на претседателското вето. Американскиот претседател изјави дека во тој случај тој ќе ја презеде улогата на „господин Вето“.
„Тие ќе испраќаат закони, а јас ќе ги блокирам. После еден или два месеци ќе разберат дека е тоа губење време и ќе дојдат за да постигнеме договор“, порача Трамп.
Изјавата на Трамп доаѓа во момент кога републиканците се соочуваат со неизвесна изборна трка и според анкетите демократите имаат добри шанси да го освојат мнозинството во претставничкиот дом на изборите на половина од мандатот.
Неизвесна трка ќе се води и за мнозинството за Сенатот каде што републиканците имаат нешто подобри изгледи, отколку во трката за мнозинство во Конгресот.
Слични новости
Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того
Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.
Нетанјаху: „Мораме да ја завршиме мисијата“
Нетанјаху порача дека земјата мора да продолжи со воените цели против Иран, Хезболах и Хамас. Нетанјаху, кој се подготвува за парламентарните избори на 27 октомври, пред приврзаниците на Ликуд повика на продолжување на, како што го нарече, процесот на исполнување на мисијата.
Пентагон со план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа
План за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа разгледува Пентагон, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на сегашни и поранешни западни и американски функционери.


