Американскиот претседате Доналд Трамп, изјави дека има помала доверба дека Иран ќе се согласи да го прекине збогатувањето на ураниум како дел од нуклеарниот договор со Вашингтон, според интервју објавено во среда.
„Не знам“, рече Трамп во понеделник во подкастот „Pod Force One“ кога беше прашан дали мисли дека ќе може да го убеди Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма. „Не знам. Мислев дека ќе знам, но верувам во тоа сè помалку и помалку.“
Трамп сака да преговара за нов нуклеарен договор со Иран за ограничување на збогатувањето на ураниум и се закани дека ќе го бомбардира ако не постигнат договор.

Трамп им рече на новинарите во Белата куќа во понеделник дека разговарал за Иран со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и дека преговорите со Иранците се „тешки“.
Во подкастот, Трамп рече дека се чини дека Иранците одолговлекуваат.
„Сега имам помалку доверба отколку пред неколку месеци. Нешто им се случи, но многу помалку сум убеден дека ќе се постигне договор“, рече американскиот претседател.
Трамп повтори дека Вашингтон нема да му дозволи на Техеран да развива нуклеарни бомби без разлика дали ќе постигнат договор или не.
„Но, би било подобро да се постигне тоа без војна, без умирање, тоа е многу подобро. Но, не мислам дека гледам ист ентузијазам за договор од нивна страна“, додаде Трамп.
Иран тврди дека нема планови за развој на нуклеарно оружје и е заинтересиран само за производство на нуклеарна енергија и други мирни проекти.
Русија во средата објави дека е подготвена да го отстрани високо збогатениот ураниум од Иран и да го претвори во гориво за цивилен реактор со цел САД и Иран да ги приближат ставовите, бидејќи една од опциите на Вашингтон е Техеран да го збогатува ураниумот до прифатливо ниво од 3,67 отсто чистота контролирано и во странство.
Слични новости
Трамп му се закани на Иран со досега невиден одговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во случај Иран на било каков начин да ги нападне САД, ќе се соочи со силата на американската војска „на нивоа кои никогаш досега не се видени“.
Израел изведе нови напади врз иранската воена инфраструктура, најмалку 10 загинати цивили во иранските одмазднички напади
Иран и Израел во текот на ноќта продолжија да разменуваат напади со ракети и дронови, при што најмалку 10 луѓе загинаа во Израел кога иранските ракети ја пробија противвоздушната одбрана на северниот и централниот дел од земјата.
Идентификуван осомничениот за убиството на демократската пратеничка во Минесота
Полициските службеници во Минесота го идентификуваа осоммничениот за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како Венс Лутер Батлер, а потерата по него продолжува, јавуваат американските медиуми.