Спортскиот телевизиски канал ESPN објави во саботата дека претседателот Доналд Трамп би сакал новиот стадион на тимот од НФЛ лигата Вашингтон Командерс да го носи неговото име.
„Висок извор од Белата куќа“ изјави за ESPN дека врховниот командант ја изразил својата желба до групата на сопственици на тимот од НФЛ, предводена од Џош Харис. „Претседателот го сака тоа и веројатно ќе се случи“, рече изворот.
„Би било прекрасно да го има неговото име на него бидејќи претседателот Трамп го овозможи новиот стадион“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролајн Ливит.
Планираниот стадион со купола вреден 3,7 милијарди долари ќе биде изграден во Вашингтон, на местото на поранешниот стадион РФК, дом на тогашните Вашингтон Редскинс од 1961 до 1996 година. Се очекува стадионот со 65.000 седишта да биде отворен во 2030 година.
Стадионите на НФЛ речиси секогаш ги продаваат своите профитабилни права за именување на корпоративни спонзори.
Трамп не е непознат во ставањето на своето име на згради, хотели, казина и терени за голф како инвеститор во недвижности, покрај продажбата на предмети со брендот Трамп, од патики до Библии.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


