Набргу по пораките од Техеран дека Иран ќе се повлече од преговарачкиот процес и ќе ја ескалира војната, доколку Израел продолжи со нападите врз Либан, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон не е официјално известен дека Иран ги прекинува преговорите.

„Преговорите со Исламската република Иран продолжуваат со забрзано темпо“ изјави Трамп и рече дека периодот на затишје меѓу двете страни може да биде корисен.

Трамп порача и дека евентуалната пауза во разговорите не значи дека САД планираат воена акција против Иран.

Претходно Трамп изрази надеж дека во текот на идната недела ќе може да се потпише нов договор со Иран за продолжување на примирјето за 60 дена.

 

Слични новости

Мерц вели дека САД се „понижени“ од Иран

Мерц вели дека САД се „понижени“ од Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД се „понижени“ од иранското раководство, сугерирајќи дека администрацијата на Доналд Трамп е надмината на преговарачката маса.